Осум лица ги прекршиле мерките за задолжителна самоизолација и изолација
Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на целата држава, 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР.
Според статистичките податоци, во изминатото деноноќие на 63 лица им се издадени решенија за изолација, а 11 лица потпишале изјави за самоизолација. При контролите кај лица во изолација и самоизолација, утврдено дека осум лица не ја почитувале мерката за изолација, што е казниво по член 206 став 1 од КЗ за непочитување на здравствените прописи во време на епидемија.