Во изминатите 24 часа, 27 лица се во изолација, а 138 лица во самоизолација
Во текот на изминатото деноноќие, МВР регистрирало 25 лица на ниво на цела држава кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 17 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
Во изминатите 24 часа, на 27 лица им се издадени решенија за изолација, а 138 лица потпишале изјави за самоизолација.
При контроли кај лица во изолација и самоизолација, полицијата утврдила дека само едно лице не ја почитувало мерката.