Одговарајќи на новинарското прашање колкава е веројатноста во октомври покрај локалните избори да се случат и предвремени парламентарни избори, рече дека ниту една опција не е исклучена, но деека е потребно да се донесе најмудрата одлука во полза на економијата и граѓаните
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцински е разочаран од дејствијата на Арбен Таравари, лидер на Алијанса за Албанците, дел од коалицијата ВЛЕН, и смета дека тие на терен го потпомагаат функционирањето на Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Според него, смета ВМРО-ДПМНЕ не треба да соработува со секој што соработува со, како што додаде вакво нереформирано ДУИ.
„Да навистина сум разочаран. За Арбен Таравари, како човек, како мој колега имам позитивно мислење. Тој е некој со кој треба да соработуваме и да градиме иднина напред. Но, истовремено сум разочаран кога гледам како неговите дејствија единствено што прават на терен е да го потпомагаат функционирањето на ДУИ. Сметам дека тој и неговата кампања за претседател на државата ја градеше на тема поврзана со промени. Ние сме за промени. Ние на терен работиме за промени. Се надевам дека коалицијата ВЛЕН ќе успее да најде заеднички јазик. Но, со секој што соработува со вакво нереформирано ДУИ не сметам дека ВМРО-ДПМНЕ треба да соработува“,
рече тој.
Очекува дека на најавената средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари ќе се најде заедничко разбирање и ќе се најде гласот на разумот и сите ќе работат за декримилизирање на политичкиот систем, нешто што, според него, не може да се направи во соработка со актуелното раководство на ДУИ.
Одговарајќи на новинарското прашање колкава е веројатноста во октомври покрај локалните избори да се случат и предвремени парламентарни избори, рече дека не е време да се зборува за веројатности, но оти ниту една опција не е исклучена.
Сепак, додаде дека треба да се донесе најмудрата одлука и за граѓаните и за економијата.
„ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија со силна структура, со мотивирано членство. И за еден месец да се случат парламентарни избори, немам никаков сомнеж во резултатот, пред се заради нашата мотивирана структура и членство. Но, и сметам дека секој граѓанин препознава колкав е напорот на граѓаните за решавање на проблемите“,
кажа министерот.
Уште еднаш повтори дека во овој момент не треба да се исклучи ниту една опција, но и дека ваквите одлуки треба да се носат врз основа на рационалните потреби на граѓаните, на економијата, но и на сите оние што треба да ги гласаат.