Македонија треба да воспостави национална европска стратегија и така ќе биде подготвена доколку се случи најлошо сценарио, а тоа е да нема датум за преговори со ЕУ поради бугарските ставови, порача пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во гостување на Телма.
Тој вели дека ЕУ мора да е приоритет, но дека не смее да се откажеме од историјата.
„Треба да имаме агенда за усогласување на нашето законодавство и да продолжиме со реформи, треба да имаме самофокус. Сите сакаме членство во ЕУ, ама како да не го разбираат сите тоа. Факт е дека нас ни треба консензус и агенда. Како на пример тоа е да се погледнеме и да кажеме нема реформи во правосудство, потоа има корупција, не можеме да организираме попис. Треба да ја реформираме Македонија поради нас и мора да е ЕУ приоритет, но не не смееме да потпишеме било каков документ кој не негира, не смееме да се откажеме од историјата “,
рече Муцунски.
Според Муцункси, Бугарија има апсурдна позиција, бидејќи вели дека не поддржува, а во реалност не блокира.
Посочи и дека во Бугарија има единствено, а кај нас на некој начин отсуствува општ консензус.
„Ние сега имаме пракса на асиметрични договори се бара премногу од Македонија, тоа е пракса од Договорот од Преспа, потоа Договорот со Бугарија. Ова е Влада која по дваесет и неколку години направи чекор кој не го направила ниту една една друга влада во однос на промена на уставното име и тоа покрај волјата на народот“,
рече Муцунски.
Муцински порача дека доколку дојде до вето од Бугарија тоа би било крајно неодговорен чекор кон Македонија, ќе има и импликации кон регионот, а ќе го намали и кредибилитетот на ЕУ.