„Она што ние го кажуваме, но и другите ЕУ инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика Втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Што ќе значи ова? Дали ова ќе биде последна пречка? Можеби ќе има многу други пречки“, вели амбасадорот во интервју за Радио Слободна Европа
Амбасадорот на Шпанија во земјава Хозе Луис Лозано Гарсија уверува дека неговата земја, која е актуелен претседавач со Европската Унија, ја поддржува С Македонија во нејзината определба за членство во Унијата. Но, не ја исклучува можноста дека во процесот на преговори може да се отворат и други барања од други земји членки, дури и да бидат усвоени уставните измени, кои се услов за одржување на Втората меѓувладина конференција.

Гарсија ова го вели во неделното интервју за македонскиот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ), во кое говори за проширувањето на Унијата, Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава и други актуелни теми.
Инаку, на 31 декември Шпанија го завршува шестмесечното претседавање со ЕУ, кое од 1 јануари 2024 година го презема Белгија.
Прашан во врска со немањето консензус за промена на Уставот и дали очекува такво нешто од следното парламентарно мнозинство, како и тоа дали уставните измени за вклучување на Бугарите во Преамбулата на највисокиот правен акт во државата се гранција дека Софија нема да поставува дополнителни услови за блокирање на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, амбасадорот вели:
„Назад во јули 2022 година, заклучоците беа усвоени врз основа на Договорот за пријателство и ова е дел од процес. А тој процес можам да кажам со задоволство дека преговорите беа отворени во јули 2022 година. За да продолжат постои јасен услов, а тоа е промена на Уставот и има потреба од тоа. Дали тоа ќе значи крај на пречките? Не сакам да пратам песимистичка порака, напротив. Она што ние го кажуваме, но и другите ЕУ инстанци, од земјите членки е дека кога сте во процесот, за да се свика Втората меѓувладина конференција, треба да го исполните тој услов, односно да се усвојат уставните измени и тогаш работите ќе добијат друга насока. Можеби ќе има други услови и барања од други земји, но на крајот работите ќе добијат друга димензија и важност. Што ќе значи ова? Дали ова ќе биде последна пречка? Можеби ќе има многу други пречки“
За тоа какви се шансите земјава да ги отвори преговорите за членство за време на белгиското претседателство, шпанскиот амбасадор е дециден дека тие се веќе отворени и оти сега зборуваме за нивно продолжување.
„Важно е да кажам дека скрининг процесот заврши прилично успешно. Нема да ги цитирам локалните изјави, туку пристапот на Брисел. Подготовките за да станете полноправна членка се високо оценети. Нема да дебатирам за тоа, бидејќи Европската комисија ги има деталите. Значи, состојбата е јасна. Втората меѓувладина конференција ќе се одржи, веднаш откако ќе се донесат уставните измени“,
вели Гарсија во интервјуто за РСЕ.
Во однос на „слабите точки“ во реформските процеси кои ја оддалечуваат земјата од ЕУ, амбасадорот одговара дипломатски и вели „да не зборуваме за слаби точки, туку за дополнителни напори кои секоја земја кандидат треба да ги направи. Во тој контекст тој го посочува Класерот Основни вредности (Fundamentals), каде се владеењето на правото, првосудството, борбата против корупцијата.
„…всушност тоа е првиот кластер кој се отвара и последниот што ќе се затвори. Затоа да не зборуваме за слаби точки, туку за дополнителни напори кои секоја земја кандидат треба да ги направи. И тоа е најкомплицирана област за која било земја. Прва се отвара, последна се затвора. Јас така гледам на тоа“,
додава амбасадорот Гарсија.
Дали гледа политичка волја кај македонските власти во борбата против коруцијата, шпанскиот амбасадорот велид ека станува збор за комплексно прашаее кое не се решава за еден ден.
„Преземени се мерки од оваа влада, да, но има потреба од зајакнување до кој степен ќе ја покажете политичката волја. Комплексно е. Што е реалната волјата и до кој степен ја покажувате таа волја. Тоа не е прашање кое ќе се реши за еден ден. Мора да преземете мерки и да продолжите да применувате мерки, тоа како што реков не се решава веднаш. Би кажал дека постојат сигнали и обврски, во исто време има потреба од резултати и Меѓународната заедница внимава на тоа. Европската комисија исто така во извештајот се осврнува на ова прашање. Треба да се работи. И затоа нема да кажам дали гледам политичка волја или не. Да зборуваме за фактите, работите кои се направени, дополнителни чекори треба да бидат преземени, ете така би се изјаснил, за ова, многу практично“,
вели амбасадорот на Кралството Шпанија во земјава, Хозе Луис Лозано Гарсија.
Целото интервју на шпанскиот амбасадор за Радио Слобододна Европа можете деа го прогледнете на следниот ЛИНК.