СДСМ претходно како скандалозна го окарактеризира и тоа што Арсовска го поништи тендерот за „Бас рапид транзит“ (БРТ) системот познат и како „автобуско метро“, кој пак за ВМРО-ДПМНЕ е мегаломански проект кој е недоволно испланиран
СДСМ и поранешниот градоначалник на Скопје не ја решиле експропријацијата на земјиштето, па мостовите на АСНОМ и „Љубљанска“ завршуваат во приватни дворови и куќи, возвраќаат од ВМРО-ДПМНЕ откако социјалдемократите денеска реагираа дека е скандалозна најавата на актуелната градоначалничка, Данела Арсовска, дека ќе се прекине изградбата на овие капитални проекти.

„Скандалозно е тоа што се проектирале и се започнало со изградба на мостови без да се решат клучните прашања коишто се однесуваат на експропријација и имот на приватни земјишта. Па овие мостови сега завршуваат во нечии приватни двор и приватни куќи без да има решение инфраструктурно за овие проблеми“,
одговори денеска Стефан Андоновски, член на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ претходно како скандалозна го окарактеризира и тоа што Арсовска го поништи тендерот за „Бас рапид транзит“ (БРТ) системот познат и како „автобуско метро“, кој пак за ВМРО-ДПМНЕ е мегаломански проект кој е недоволно испланиран.
„Што се однесува до БРТ се покажа дека проектот е без проект односно не се предвидени уште од најверојатно дупло повеќе трошоци коишто би ги имал градот при изградба на ваков проект, затоа што не е продвидено како ќе се изгради мостот од Карпош кон Влае, не е предвидено како ќе се реши водоснабдувањето на Скопје. Не се предвидени како ќе се срушат овие паркови коишто постојат веќе во Градот Скопје и како ќе се предвидат нови сообраќајни решенија коишто ќе одат кон БРТ. Овие проекти се мегаломански, недоволно испланирани, а за нив веќе се земени кредити. Ние таквиот начин на раководење со градот нема да го дозволиме во иднина“,
рече Андоновски.
*Поврзани вести:
Арсовска го стопираше тендерот за „автобуско метро“
СДСМ за „автобуското метро“: Заради каприц, Арсовска го укинува проектот договорен со ЕБОР
Град Скопје: Ако се реализира проектот БРТ, градот ќе остане без голем број дрвја и зеленило
Арсовска: Проектот за бесплатен јавен превоз ќе се реализира за две години