Големите испораки на руската вакцина против коронавирус „Спутник V“ ќе почнат кон крајот на септември, најави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко, пренесе агенцијата ДПА.
„Во тек е зголемување на производството и надзорот во пострегистрација. Пред сѐ, се разбира, вакцината ќе биде доставена до медицински работници и педагозите. Вакцинацијата ќе биде давана апсолутно на доброволна база. Првите испораки на големи пратки ќе започнат во септември“,
изјави тој.
Мурашко додаде дека уште неколку вакцини против коронавирусот се во фаза на клинички тестови или регистрација, поради што смета дека максималното производство ќе достигне во ноември-декември.
Мурашко објави дека повеќе од 2 500 од 40 000 доброволци веќе се пријавиле да учествуваат во третата фаза на тестирање на вакцината „Спутник V“, која на почетокот на месецот беше регистрирана како прва во светот против коронавирусот. Вакцината мина две фази на тестирање и сега претстои третата.