Апелот следува откако од почетокот на наставата на 1 октомври досега во изолација се вкупно 53 ученици и осум наставници.
Министерството за образование и наука денеска апелира до наставниците и учениците доследно да ги почитуваат мерките за заштита од ковид-19 и одговорно да се однесуваат и надвор од работните места и од училиштата, со што ќе го спречат ширењето на болеста.
Апелот следува откако од почетокот на наставата на 1 октомври досега во изолација се вкупно 53 ученици и осум наставници.
„Протоколите за заштита од заразата докажано функционираат, одоколу сите се придржуваме на пропишаните мерки за заштита. Од целокупното одговорно однесување ќе зависи и продолжувањето на наставата со физичко присуство во училиштата“,
се вели во соопштението.
Од МОН оценуваат дека онлајн-наставата успешно се спроведува, при што над 80% од учениците ги следат часовите без никакви тешкотии. За оние што немаат уреди или интернет-врска часовите се емитуваат на телевизија преку Националната радио-телевизија, а наставниците имаат обврска да им доставуваат печатени материјали и да бидат во постојана комуникација со учениците за да го следат нивниот напредок во совладувањето на наставниот материјал.
Министерството е во постојана комуникација со директорите на училиштата и локалните самоуправи и тековно се работи на обезбедување услови за непречено функционирање на онлајн-наставата.