Државната матура годинава ќе се одржи во предвидениот законски рок- во јуни 2021 година, а испитните програми по сите наставни предмети ќе бидат со скратени содржини, информираат од Министерството за образование.
„Учебната 2020/2021 година се одвива успешно согласно со планот и програмата, а МОН во континуирана комуникација со учениците и училиштата ќе обезбеди заеднички решенија за непречено и безбедно полагање на матурските испити“,
се вели во соопштението.
МОН ги повикаа матурантите до крајот на месецот да ги пријават темите за проектната задача, а до крајот на декември да ги пријават и испитите од листата за полагање.
„Полагањето завршни испити од државна матура е дел од образовните системи на сите европски земји и земјите од регионот како што се Словенија, Хрватска, Црна Гора, Косово, Албанија. Во овие земји матурските испити се реализираат непречено и со почитување на сите здравстени и безбедносни протоколи, а пандемијата не беше пречка матурските испити да се организираат непречено и во континуитет“,
информира МОН.
Претходното полагање на државната матура беше укинато поради ковид-19, а матурантите се запишуваа на факултет само со диплома со завршено средно образование.