Според првичните информации, момчето мотоциклист, кое починало на самото место, било на возраст од 21 година

Попладнево загина момче на патот Радишани кон Побожје, по сообраќајна незгода меѓу автомобил и мотоцикл.
Според првичните информации, момчето мотоциклист, кое починало на самото место, било на возраст од 21 година.
Информацијата за МИА ја потврди доктор Драган Панов, раководител на смена во Итна медицинска помош – Скопје.
„По пристигнувањето на наша екипа, констатирана е смрт на самото место, без витални знаци на живот“,
изјави доктор Панов за МИА.
