Жената била удрена од автомобил „мерцедес“ со кој управувало 25-годишно момче од скопското село Глумово
Во сообраќајна несреќа во Општината Ѓорче Петров, вчера загинала скопјанка на возраст од 78 години откако во неа удрил автомобил „мерцедес“.
Жената била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, но таму само ја констатирале смртта.
„На 22.05.2023 во 12:07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.’Ѓорче Петров’ во Скопје, патничко возило ‘мерцедес’ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.М. (25) од с. Глумово, Скопско, удрило во М.Н. (78) од Скопје. По несреќата М.Н. била пренесена во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ каде што од лекар била констатирана смрт“,
велат од МВР.
За настанот, додаваат, бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.