Дваесет и двегодишниот М.Л. од Пакистан е пронајден починат вчера околу 14 часот на местото викано „Врело“ во Куманово, информира полицијата.
Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребална служба за понатамошна постапка.