Основното јавно обвинителство се уште не отворило истрага по допрен глас за генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски. Оттаму велат дека со внимание ги следат сите информации кои во јавноста се пласираат а се поврзани со тендерот за Македонска навигација М-НАВ. Ако утврдат елементи на кривично дело, ќе постапат според законските надлежности.
Постапка има отворено само Антикорупциската комисија кое најави дека ќе ја истражува овој случај. Минатата недела тие писмено побараа од Владата и од М – НАВ да им ја испратат целокупната документација поврзана со набавката, но уште немаат добиено повратен одговор. Рокот во кој овие две институции треба да одговорат и да ги предадат материјалите е 15 дена.
Од ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена поднесоа кривична пријава против Рашковски а денеска побараа од премиерот Заев да го разреши од функцијата генерален секретар на Владата.
Господине Заев, да имавте барем, „е“ од европските вредности кои не ги вадевте од уста, ќе побаравте оставка од Рашковски и истрага за случајот и тоа веднаш,
порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.