Од повеќе од 17 милиони корисници на мрежата кои гласале на анкетата, 57,5 отсто од нив рекле дека Маск треба да си замине од челната позиција на Твитер. Oстанатите 42,5 отсто од гласачите, пак, се изјасниле дека тој треба и понатаму да раководи со компанијата
Мнозинството учесници во анкетата организирана од извршниот директор на Твитер, Илон Маск гласаа за негово заминување од раководството на компанјата.
Од повеќе од 17 милиони корисници на мрежата кои гласале на анкетата, 57,5 отсто од нив рекле дека Маск треба да си замине од челната позиција на Твитер. Oстанатите 42,5 отсто од гласачите, пак, се изјасниле дека тој треба и понатаму да раководи со компанијата.
Маск во неделата овјави анкета на Твитер во која ги праша корисниците на оваа социјална мрежа дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата, додавајќи дека ќе се придржува до резултатите од анкетата.
Откако ја објави анкетата, тој ја твитна и познатата поговрка која гласи: „Внимавајте што поскувате, бидејќи може да се оствари“.
As the saying goes, be careful what you wish, as you might get it
— Elon Musk (@elonmusk) December 18, 2022
Милијардерот засега не даде детали за тоа кога ќе ја напушти функцијата извршен директор на Твитер, доколку корисниците гласаат за тоа.
Маск го презеде раководењето со Твитер откако во октомври годинава ја купи компанијата за 44 милијарди долари.
Откако го купи Твитер, Маск отпушти околу половина од вработените во компанијата, а најновиот контроверзен потег на новиот сопственик е суспендирање на сметките на некои новинари од светски водечки медиуми бидејќи известувале за движењето на неговиот приватен авион врз основа на јавно достапни податоци.
Маск во саботата повторно ги активираше профилите на новинарите на Твитер, а одлуката за укинување на суспензијата уследи по резултатите од анкетата на Твитер во која мнозинството од испитаниците гласаа за итно враќање на профилите на новинарите.
Првичното суспендирање на тие сметки беше силно критикувано од владини претставници и новинарски организации, при што некои рекоа дека Твитер ја загрозува слободата на медиумите.