Како што пренесува „Гардијан“, само неколку минути по објавувањето на анкетата, гласале повеќе од еден милион корисници. По 20 минути гласање, откако гласовите „за“ добиле двоцифрено водство, Маск одговори на сугестијата дека веќе избрал нов извршен директор. Тој напиша: „Никој не ја сака работата што всушност може да го одржи Твитер жив. Нема наследник“
Милијардерот Илон Маск објави анкета на Твитер, во која ги праша корисниците дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата, ветувајќи дека ќе се придржува до резултатите од анкетата.
Маск го презеде раководењето со Твитер откако во октомври ја купи компанијата за 44 милијарди долари и отпушти повеќемина директори и околу половина од вработените.
Инаку, како што пренесува „Гардијан“, за само неколку минути по објавувањето на анкетата, гласале повеќе од еден милион корисници.
Should I step down as head of Twitter? I will abide by the results of this poll.
— Elon Musk (@elonmusk) December 18, 2022
По 20 минути гласање, откако гласовите „за“ добиле двоцифрено водство, Маск одговори на сугестијата дека веќе избрал нов извршен директор.
„Никој не ја сака работата што всушност може да го одржи жив Твитер. Нема наследник“,
рече милијардерот.
Маск, исто така, се повлече од последната контроверзија за политиката на страницата откако Твитер објави дека ќе ги отстрани сметките што нудат „бесплатна промоција на одредени платформи за социјални медиуми“.
Маск рече дека политиката ќе биде приспособена за да влијае само на сметки чија „главна цел е промоција на конкурентите, што во суштина спаѓа под правилото `без спам`“.
Од платформата претходно рекоа дека овој потег ќе влијае на содржината од многубројни веб-страници на социјалните медиуми, вклучувајќи ги Фејсбук, Инстаграм, Мастодон, Трут сошл трајбл, Ностр и Пост, но ќе дозволи објавување вкрстени содржини.
Сепак, видеоплатформата Тик-ток, во сопственост на кинеската „Бајт денс“, не беше вклучена во списокот.
Соопштението за оваа одлука на Твитер дојде во неделата – истиот ден кога Маск твитна фотографии од стадионот „Лусаил“ во Катар, каде што го следеше финалето од Светското првенство во кое Аргентина на пенали ја совлада Франција и стана светски шампион.
At World Cup right now pic.twitter.com/CG7zMMxSjE
— Elon Musk (@elonmusk) December 18, 2022
Маск присуствуваше на натпреварот заедно со Џаред Кушнер, кој му е зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, а му беше и советник во Белата куќа. Социјалната мрежа Трут соушл, чиј основач и сопственик е Трамп, беше меѓу платформите именувани во забраната за поврзување на Твитер.
За првичната промена на политиката, од Твитер рекоа:
„Признаваме дека многу од нашите корисници се активни на други платформи за социјални медиуми. Сепак, повеќе нема да дозволиме бесплатна промоција на одредени платформи за социјални медиуми на Твитер. Сè уште дозволуваме вкрстено објавување содржини од која било платформа за социјални медиуми. Објавувањето врски или кориснички имиња на платформи за социјални медиуми кои не се наведени погоре, исто така, не ја прекршуваат оваа политика“,
Поранешниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси, кој неодамна инвестираше во Ностр, одговори на објавата на Твитер со еден збор: „Зошто?“
Минатата недела Твитер го распушти Советот за доверба и безбедност, волонтерска група формирана во 2016 година за да ја советува платформата за одлуките на страницата.
Промената на политиката следува по другите спорни одлуки на Твитер откако Маск ја купи социјалната мрежа во октомври, меѓу кои беа и отпуштање на високото раководство и како и на околу половина вработените. Голем број на големи огласувачи ја напуштија платформата поради загриженоста за нејзината насока.
Педесет и едногодишниот Маск, исто така, ги суспендира сметките на неколку новинари по контроверзноста околу објавувањето јавни податоци за движењето на неговиот приватен авион. Тој подоцна ги врати сметките по критиките од владини претставници, групи за застапување и новинарски организации.
Милијардерот, кој беше предупреден дека може да се соочи со санкции од Европската Унија поради неговата првична одлука, ги праша корисниците на Твитер што треба да направи. Речиси 3,7 милиони луѓе гласаа, од кои 58,7 отсто рекоа дека треба веднаш да ја вклучи забраната.
„Народот зборуваше. На сметките што ја `доксираа` (пребарување и објавување приватни и идентификациски информации за одредена личност на интернет поради злонамерна цел) мојата локација сега ќе им биде укината суспензијата“,
напиша Маск на Твитер.