„Постапуваме во насока на целосно расчистување на случајот и мислам дека за многу кратко време ќе излеземе со информација заедно со Јавното обвинителство во врска со овој случај“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Писмо со заканувачка содржина било пронајдено во Народната канцеларија на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во центарот на Скопје. Осомничениот сторител е приведен, а министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска дека МВР постапува во насока на целосно расчистување на случајот.

„Имам информација за лицето кое е приведено. МВР ги презеде сите потребни чекори во врска со осмниченото лице. Постапуваме во насока на целосно расчистување на случајот и мислам дека за многу кратко време ќе излеземе со информација заедно со Јавното обвинителство во врска со овој случај“,
изјави Тошковски.
Повикувајќи се на информации од МВР, дел од медиумите вчера објавија дека писмото со заканувачка содржина било пронајдено на 18 ноември од вработените во Народната канцеларија на претседателката и истиот ден случајот бил пријавен во полиција. Во врска со настанот приведен е 46-годишен маж.
Засега не е позната точната содржина на писмото.
