Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека пандемијата на коронавирус ќе предизвика глобална рецесија во 2020 година, која може да биде полоша од онаа што беше видена во текот на финансиската криза во 2008-2009 година.
Нивното очекување е дека светското економско производство треба да заздрави во 2021 година.
Извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева ги поздрави вонредните фискални мерки што веќе ги презедоа многу земји за засилување на здравствените системи и заштитата на погодените компании и работници, како и чекорите на централните банки за олеснување на монетарната политика.
„Ќе биде потребно уште повеќе напор, посебно на фискален план“,
истакна Георгиева.
Таа појасни дека ММФ значително ќе го засили итното финансирање, напоменувајќи дека 80 земји веќе побарале помош од фондот.