Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање го коментираше вчерашното сведочење на доскорешниот премиер Зоран Заев во случајот „Монструм“ посочувајќи дека неговиот политички ривал пет години ги лажел семејствата на жртвите.
„Пет години обвинуваше луѓе дека се вклучени во монструозни настани. Пет години лажеше луѓе дека ќе им помогне за вчера во еден ден сето тоа да се распрсне и најмалку што очекуваше јавноста од поранешен премиер и политичар со голема одговорност е да се извини. Да речеше: ‘Се извинувам, сум погрешил, тоа што сум го слушал воајерски не сум го слушал, тоа што сум го зборувал, ете, не сум ја говорел вистината‘“,
рече Мицкоски.
Извинувањето, додаде лидерот на опозицијата, треба да го направи кон семејствата и кон останатите што ги злоупотреби.
Тој го обвини Заев дека не ја зборувал вистината ниту за смртта на основачот на „Фокус“, Никола Младенов, ниту за убиството на Мартин Нешковски.
Заев во „Монструм“: Од бомбите не добив целосна слика за случајот, затоа сѐ што имав предадов во СЈО