Според него, главно што сработил Пендаровски во неговиот мандат е тоа што пренесувал поздрави со реченицата „кај си љубави, имаш поздрав од Зоки“
Ковачевски на тацна на Ахмети му ја подари Македонија, каде главни се Артан, Талат, Али и Зечевиќ. Преку илјадници услуги кои ги прават кон ДУИ си го купуваат мирот и се одржуваат на власт. Нивната тактика е мирно и задоволно ДУИ, што значи повеќе време во фотелја за СДСМ.
Ова вечерва од Велес го рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, посочувајќи дека тоа е капитулација на Македонија.

„Рекордери сме и по тоа колку ДУИ може да ја понижи СДСМ. А тие, пак, да продолжат да функционираат и да имаат образ ѓон“,
рече тој.
Според него, главно што сработил Пендаровски во својот мандат е тоа што пренесувал поздрави со реченицата „кај си љубави, имаш поздрав од Зоки“.
„Кога не пренесуваше поздрави, учествуваше во сè што е криминално и нема закон кој не го потпиша“,
вели тој.
Мицкоски вели дека гласот за Стево е глас за навредите на човек кој во отсуство на аргументи, како што вели, навредува жена.
„Гласот за Стево е глас за човек кој вели дека бугарски диктат мора да се прифати“,
рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според Мицкоски, гласот за Пендаровски е и глас и одобрување на прогонот на патриотите и луѓето кои се жртви на политичка хајка за 27 април, а за кои, како што додаде, Пендаровски со прст не мрднал.
„Поминаа 14 дена од изборната кампања, а Стево Пендаровски ниту еднаш не го нападна и искритикува ДУИ и Ахмети за било што. Тоа значи дека е привезок на ДУИ, нивен втор кандидат за претседател. Граѓаните тоа жестото ќе го казнат во изборите, прво на 24 април, а потоа и на 8 мај“,
рече Мицкоски.
Апелираше граѓаните да го дадат гласот за Гордана Силјановска-Давкова затоа што, како што рече, таа претставува движечка сила на промени.