Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека со последните владини мерки не е постигнато реално намалување на цените на основните производи. Тој ја повика Владата најавените законски решенија со кои ќе треба да се влијае врз стандардот на граѓаните што побргу законите да дојдат на дневен ред во собранието, најавувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ, без какви било политички надмудрувања и калкулации ќе ги поддржи.
„Од тоа што јас го добивам како информација нема намалување на цените на основните производи. Очекувам конечно во парламент во процедура да пристигнат законите кои што повикавме да дојдат час поскоро и да ги поддржиме, како што е на пример викенд без ДДВ за основните прехранбени производи за да можат нешто од нешто да видат граѓаните и да почувствуваат од тоа кое што ние го побаравме како опозиција а после многу натегања владата делумно го прифати. Затоа еве барам, инсистирам побргу да ги достават законите да ги поддржиме да поминат тие закони за да можат барем пред празниците сега да можат граѓаните нешто да почувствуваат да нема надмудрувања и политички калкулирања. еве ние веднаш ќе ги поддржиме да им бидат на брза трака“,
нагласи Мицкоски.