Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, телефонски го информирал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за неговите предлози за министри и дополнителни заменици-министри во техничката влада, чии имиња попладнево беа објавени во јавноста. Од опозициската партија велат дека иако нема законска обврска, Мицкоски, сепак, му ги соопштил на Заев предлозите за министерските места.
Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, во телефонскиот разговор воопшто не станало збор за армискиот полковник Драган Ковачки, кого опозициската партија го предложи за министер за внатрешни работи во техничката влада. СДСМ вчера го одби предлогот, бидејќи согласно член 97 од Уставот, со МВР или со Министерството за одбрана треба да раководи лице кое е цивил најмалку три години. Во моментов, ВМРО ДПМНЕ не отстапува од Ковачки како решение за прв човек на МВР.
Поврзна вест: СЦЕНАРИЈА ЗА РАС(ЗА)ПЛЕТ НА КРИЗАТА СО ДРАГАН КОВАЧКИ