Според Мицкоски, премиерот Ковачевски и министрите во Владата во вакви исклучително сложени и важни моменти за Македонија, граѓаните и стопанството никако не можат да ја надминат својата суета, да го остават политиканството и да се стават на страната на државата и граѓаните
Изминатите неколку дена лидерот на најголемата опозиациска партија го повика премиерот Ковачевски на телевизиски дуел, а вчера го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи да дојде во седиштето на партијата и таму да му го објасни неговиот концепт за справување со енергетската криза. И Ковачевски и Битиќи вчера ги одбија поканите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и го повикаа да дојде на следниот Економски совет на Владата закажан за в среда
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што премиерот и министрите во Владата не ги прифатиле неговите повици за телевизиска тебата и за средба на која тој ќе им го претстави својот концепт за справување со енергетската криза и повторно ја повика Владата, доколку сака да покаже „дека не се точни информациите за големи провизии од увозот на мазут, транспортот преку инстант компании на јаглен и се уште нејасната конструкција за гасот и затоплување на граѓаните“, да дојде во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Одберете тим и дојдете во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во време и ден кој вас ќе ви одговара. Немаме уште многу време….“,
повикува Мицкоски.
Според Мицкоски, премиерот Ковачевски и министрите во Владата во вакви исклучително сложени и важни моменти за Македонија, граѓаните и стопанството никако не можат да ја надминат својата суета, да го остават политиканството и да се стават на страната на државата и граѓаните.
„Побарав средба со Димитар Ковачевски за да го образложам концептот за оваа, но и за следната година, како да се оптимира искористувањето на домашните ресурси и да се обезбеди ефтин енергенс, дезертираше, одби. Го повикав на ТВ дебата пред македонската јавност, повторно дезертираше, одби со изговор дека не било сега време. Го повикав и Фатмир Битиќи како одговорен за економски прашања во владата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, одби да дојде и ме повика на економски совет да сум го презентирал концептот, бидејќи така успешно работеле за корона пандемијата итн…Последни во Европа почнавме со вакцинација откако баравме милост насекаде да ни дадат донација вакцини, додека владата преку фирма од Хонг Конг со основна дејност трговија со јужноамериканско овошје се обидуваше да испазари дебели провизии од набавката на вакцините. Една од највисоките смртности од ковид имаме во Европа. Во Тетовската модуларна болница, ковид пациенти живи изгореа и што ли уште не…, но според Фатмир Битиќи успешно сме се справиле со ковид кризата“,
напиша Мицкоски на својот фејсбук-профил.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека ако Еконмскиот совет бил успешен досега ќе обезбедел струја за ФЕНИ и рудникот Бучим.
„Ако економскиот совет успешно го водевте немаше во “четир очи” да коленичите по соседството и да молите милост да ви дадат. Ако економскиот совет беше успешен сега ќе обезбедевте струја за ФЕНИ и Бучим и наместо клуч на врата ќе гореа печките како што горат за слични такви компании во соседството. Сте помислиле ли како им е сега на работниците кои останаа без работа и со болка во гради се мачат крај со крај да врзат за своите семејства, како да ја поминат зимата или тоа од црвените персијанци и кожните фотељи не се гледа јасно“,
вели Мицкоски.
Изминатите неколку дена лидерот на најголемата опозиациска партија го повика премиерот Ковачевски на телевизиски дуел, а вчера го покани вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи да дојде во седиштето на партијата и таму да му го објасни неговиот концепт за справување со енергетската криза.
И Ковачевски и Битиќи вчера ги одбија поканите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и го повикаа да дојде на следниот Економски совет на Владата закажан за в среда.
Мицкоски на Владата и нуди концепт со кој државата ќе заштеди 300 милиони евра. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека имале контакти со компании од Германија , Швајцарија и Чешка, а кои можат од Гаспром да донесат количина на гас која што ќе биде доволна за земјава.