Мицкоски вети дека по четири години кога ќе дојде повторно во Пробиштип, ќе дојде со гордо крената глава и ќе говорат за новата иднина која ќе ја донесат
Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од митингот во Пробиштип ги повика граѓаните да излезат и да гласаат на престојните локални избори за како што рече „да не им биде украдена иднината“.
„Сакам најголемиот аларм да го испратам до луѓето во Пробиштип, до луѓето во Македонија, излезете на избори за да не дозволиме да ни ја украдат иднината. Излезете рано наутро што е можно помасовно, што е можно во поголем број. Не постои власт која може да победи со поткупени гласови, колку што може народ да излезе и да ги казни тие што ја одземаат заедничката иднина“,
рече Мицкоски.

Тој рече дека луѓето од власта не се посилни од народот и дека сега ќе се одлучува за – „или народот, или бандитите на власт“.
„Излезете масовно, стари и млади, земјоделци, вработени и невработени, професори, наставници, доктори, пензионери, студенти гласајте во недела. Уште утрината. Гласајте за да не биде предоцна, гласајте за да создадеме заеднички нова иднина“,
рече Мицкоски.
Мицкоски вети дека по четири години кога ќе дојде повторно во Пробиштип, ќе дојде со гордо крената глава и ќе говорат за новата иднина која ќе ја донесат.
„Ние мораме да воочиме дека ниту едно оружје на светот, не е толку за застрашувачко како волјата и моралната храброст на слободните индивидуи кои сами одлучуваат, на луѓето кои се хероите на нашето време поради кој мораме заеднички да го менуваме системот“,
рече Мицкоски.