И претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска остварил проштална средба со Дан Оријан – нерезидентен Амбасадор на Израел во земјава, на која, како што соопшти опозициската партија, разговарале за потребата од дополнително подобрување на билатералните односи помеѓу двете земји преку конкретни проекти.
Истовремено, Мицкоски се заблагодарил за поддршката што ја дава Израел на Северна Македонија од својата независност.
„Мицкоски го информира Оријан за внатрешно политичката состојба во Северна Македонија, нагласувајќи дека недостатокот на соодветна борба против корупцијата е една од клучните причини поради кои Македонија не привлекува доволно странски директни инвестиции. Во таа насока Мицкоски ја истакна заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за создавање добро деловно окружување преку систематски реформи“,
соопшти ВМРО-ДПМНЕ.