Според него, би можело да се случи нешто во таа смисла на декемврискиот самит на ЕУ, односно по парламентарните избори во јули во Бугарија и потоа претседателските во октомври
Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека не е оптимист дека ќе има поместувања во позициите на Бугарија во однос на евроинтеграцискиот процес на нашата земја.
„Не сум оптимист. Јас би сакал да е ова вистинито, но не сум оптимист. Бугарија нема да се помести ни милиметар ако ние не ја прифатиме резолуцијата на нивниот парламент, особено не пред избори“,
изјави Мицкоски денеска на средба со новинари, пренесува МИА.
Според него, би можело да се случи нешто во таа смисла на декемврискиот самит на ЕУ односно по парламентарните избори во јули во Бугарија и потоа претседателските во октомври.
Мицкоски, одговарајќи на новинарки прашања, рече дека очекува работата во Собранието, како што рече, да се заостри и „сите да се вратат во своите ровови“. Тој тврди дека опозициската партија не е консултирана за ништо во Собранието.