Според него, со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со тоа ќе биде намалена разликата, односно дефицитот меѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто-домашниот производ
Веќе утре ќе имаме поставување на нов камен-темелник на компанија која доаѓа од Германија, каде што ќе се произведуваат литиумски батерии. Ова денеска го најави премиерот Христијан Мицкоски по посетата на доградбата на детската градинка во Општината Илинден, при што посочи дека новата инвестиција доаѓа после двомесечна работа на отстранување на недостатоците.
„Инвестицијата е околу 60-65 милиони евра. А ќе има околу 700 нови вработувања“,
рече тој.
Според него, со завршувањето на оваа инвестиција ќе биде зголемен извозот, а со тоа ќе биде намалена разликата, односно дефицитот меѓу извозот и увозот и на тој начин ќе се зголемува бруто-домашниот производ.
Во јули премиерот најави дека американската компанија „Вабтек“ ќе инвестира во Македонија, а претходно ги презентираше инвестициите на „Алказар енерџи“ и на „Епсотек“.