На ВМРО-ДПМНЕ му недостасуваат само два пратеници за да се турне оваа Влада, а само три пратеници за ја да преземе власта, тврди лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.
„ВМРО-ДПМНЕ будно ќе ги следи процесите во Собранието и вон него, а СДСМ нека биде уверено дека им следи пеколен период во 2021 во која ќе треба да се соочат со многу работи“,
изјави тој во интервју за Канал 5, говорејќи за моменталната политичка ситуација во земјата, економската и здравствената криза, пописот кој се планира да се спроведе во земјата и вакцините.
Тој ја обвини Влада дека на дневна основа, како што рече „секојдневно прави глупости и несериозни чекори“, што создава дилема дали на такви луѓе треба да им се дозволи и понатаму да раководат со земјата.