Кога Ковачев, Каракачанов…, кои се ‘македономразци’, ќе сфатат дека постоела македонска нација и дека колективната меморија на македонскиот народ е многу порано од тоа што тие мислат, тогаш ние можеме да градиме пријателски односи, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ
Нарекувајќи го „најголем македонофоб“, Христијан Мицкоски му возврати на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој претходно реагираше на интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „Фокус“, во кое тој предлага еднострано да се раскине Договорот со Бугарија.
„Најголемиот македонофоб, Андреј Ковачев, лично ме напаѓа, а јас никого не мразам во животов. Јас ги почитувам сите наши соседи, сите народни кои не опкружуваат. Кога Ковачев, Каракачанов…, кои се ‘македономразци’, ќе сфатат дека постоела македонска нација, постоел македонскиот народ., дека колективната меморија на македонсиот народ е многу порано од тоа што они мислат, тогаш ние можеме да градиме пријателски односи“,
рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Штип.
Според Мицкоски, Ковачев треба да се извини за политиките кон нашата земја.
„Овој македонски народ постоел – и пред Илинден, и за време на Илинден и после Илинден. Македонскиот народ постои денеска и ќе постои во иднина, колку тоа да не сака да го признае македономразецот Ковачев, кој за жал е дел од европарламентот и треба да промовира европски вредности. Тој треба да бара одговор на прашањата и да се извини за политиката која ја гради кон Македонија. Tој треба да дозволи Македонија да почне преговорие со ЕУ, бидејќи овој народ секогаш бил на страна на вистинските европски вредности“,
рече Мицкоски.
Бугарскиот европратеник, претходно, изјави дека долго време имал дилема кој ое поголем бугарофоб – Груевски или Мицкоски.
„Веќе знам, во таа конкуренција има јасен победник, а тоа не е бегалецот во Будимпешта. Мицкоски е вистински шампион на антибугаризмот. Злите јазици би рекле дека негов еквивалент се србоманските четници од 20 век“,
рече Ковачев.