Економијата тоне, сиромаштијата се зголемува, а стопанството трпи и оди во бездна. Нема ништо од тоа што Заев го нарекуваше економска година, живот, прав пат и така натаму трета година по ред, обвини лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
Паралелно тој порача дека мора да се оди напред и Македонија да стане технолошки инвестициски тигар на Балканот.
„Македонија нема избор. Македонија мора да оди вистински напред, горда достоинствена и со исправена кичма. Македонија мора да изгради општество на развиена економија, технолошк-инвестициски тигар на Балканот и најважно за сето ова да се даде шанса на квалитетни професионалци и стручни луѓе. По 12 април доаѓа обновата на Македонија“,
порача Мицскоки.
Упатувајќи критики за економската состојба тој се повикуваше на извештаи на УЈП, Народна банка и др.
„Даночните приходи кои што биле предвидени од страна на УЈП дека ќе бидат собрани во 2019 година биле на ниво од осумдесет и шест милијарди петстотини дваесет милиони денари. Но, за жал она кое успеало да го реализира УЈП во календарската 2019 година е осумдесет и две милијарди триста и деветнаесет милиони двеста шеесет и четири илјади двеста дваесет и девет денари или тоа е за 4,80 проценти помалку од тоа што било на почетокот од оваа календарска година планирано да го реализира УЈП“,
посочи Мицкоски.
Втор индикатор, како што рече тој, дека имаме „цунами економија“ трета година по ред е бруто домашниот производ (БДП). Тој направи споредба на првите три години од владата која во 2006 година ја формираше Никола Груевски и на владата која ја формираше Зоран Заев во 2017, како и споредба со БДП во ЕУ.
„Во периодот јуни 2017 – 2019 година декември, растот на македонската економија е приближно 2,14 проценти односно растот на БДП за тој период, додека пак растот на БДП во ЕУ за истиот период 2,2 проценти. Период мај 2006 заклучно крај декември 2008 година растот на БДП во македонската економија е 5,7 проценти додека пак растот на БДП во ЕУ е 2,32 проценти или тој е два ипол пати поголем од истиот раст кој што го има БДП во ЕУ, додека пак сега е за 0,97 пати помал од тоа кое што го има растот генерирано БДП во ЕУ. Со други зборови за 2, 5 пати за истиот тој период бил поголем растот на БДП во Македонија споредено од тоа што е сега“,
споредуваше Мицкоски.
Мицкоскоски зборуваше и за други индикатори, како странските инвестиции, бројот на работници во индустријата инт. потсетувајќи дека имаме катастрофа во економијата.