Поддршка за протестот, од Будимпешта, изрази и експремиерот Никола Груевски, кој беше на чело на ВМРО-ДПМНЕ кога се случија настаните во парламентот
Оперскиот пејач, кој единствен доби ослободителна пресуда во големиот процес за 27 април 2017 година, објави дека тој ќе ја пее химната на протестот
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски повика вечерва на општонароден протест в недела за поддршка на осудените за настаните во парламентот на 27 април 2017 година, наречени „крвавиот четврток“.
Според рутата што ја објави на својот фб-профил, протестот ќе почне претпладне пред Владата, а ќе продолжи со марш до Собранието.
„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест“,
нашиша Мицкоски на Фејсбук.
Од ВМРО-ДПМНЕ, во изминатите седмици, неколкупати посочуваа дека не се директни организатори на протестот, туку дека ќе го поддржат.
Повици за учество на протестот веќе неколку дена испраќа и оперскиот пејач Игор Дурловски, единствениот кој доби ослободителна пресуда во големиот судски процес за насилствата од 27 април, додека другите обвиниети или добија високи затворски казни или беа амнестирани. Дурловски, кој на последните парламентарни избори беше носител на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изнорна единица, а потоа се повлече од парламентот, соопшти на фејсбук дека тој ќе ја пее химната на протестот на 25 април – два дена пред датумот кога се заокружуваат четири години од настаните при првиот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието.
Поддршка за протестот, од Будимпешта, изрази и експремиерот Никола Груевски, кој беше на чело на ВМРО-ДПМНЕ кога се случија настаните во парламентот, ама тој ден беше во Виена. Груевски се најде и меѓу осомничените за организација на настаните на 27 април, ама не е опфатен со тековниот судски процес, затоа што е во бегство. Според него, протестот на 25 април со кој се бара ослободување или пат до брзо ослободување на затворените лица заради учеството во настаните на 27 април 2017 година, како и на припадниците на МВР, е оправдан.
Поврзани вести:
Пандов: Жалам што не сум во затвор со уставобранителите, полесно ќе го истрпев овој црн период
Пандов и УМС организираат собир кај штипскиот затвор за „поддршка на уставобранителите“