Ерата пред нас, вели премиерот, ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правото, што само по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, иднината за сите граѓани, проекти за развој, надеж што носи позитивни промени, нови работни места, перспектива за младите и конечно обезбедување на подобар и поквалитетен животен стандард
Народниот дух на пркост и непокор што беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес. Тој е движечката сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата што не влече напред, дека секогаш мора и може подобро. Ова денеска по повод 11 Октомври – Денот на народното востание го порача премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека оваа година одбележуваме 83 години желбата за слободна Македонија.

„Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, наша цел е да ја развиеме Македонија. Иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Се обврзавме пред граѓаните дека повторно ќе ја вратиме државата во нивни рацее и работиме на тоа преку конкретни реформи, проеекти и примени што се клучни за рестарт на институциите и на систеемот“,
се вели во честитката на премиерот.
Ерата пред нас, вели премиерот, ќе биде одбележана со економски напредок и развој, правна сигурност на системот и владеење на правото, што само по себе подразбира бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, иднината за сите граѓани, проекти за развој, надеж што носи позитивни промени, нови работни места, перспектива за младите и конечно обезбедување на подобар и поквалитетен животен стандард.
„Како генерација политичари, немаме втора шанса и оваа шанса и доберба што ни ја дадовме мораме да ја зграпчиме и од истата да извадиме најмногу што можеме. Тоа им го должиме на сегашните, но и на идните генерации на кои мораме да им обезбедиме иднинатата да ја градат тука, зашто тоа ние аманет од тие пред нас. Само заедно сложни Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци мораме да градиме единство, иднина и просперитет“,
стои во честитката од Мицкоски.
