Она што го сакам за граѓаните е малку ведрина, а тоа е ЕУ да го исполни своето ветување и да ги отпочнеме преговорите. Ова не се преговори за Зоран Заев, ова се преговори за граѓаните во нашата преубава Македонија, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања за евроинтеграцискиот процес на земјата.
Македонија, вели тој, одамна ги исполни условите за старт на преговорите кон целосно интегрирање во ЕУ.
„Нашиот став е непроменет и тоа треба да биде став на секој еден граѓанин, а тоа е преговори веднаш. Преговори треба утре да се случат, а ЕУ треба да си го исполни ветувањето што му го даде на овој народ, на Македонија, дека веднаш по исполнување на критериумите со кои Зоран Заев нè понижи како народ и нација ќе го отпочнеме патот кон полноправно членство“,
изјави Мицкоски.