Лидерот на опозицијата им препорачува на премиерот и на министерот за здравство да престанат, како што вели, со дневно-политички мешетарења и со парадерски прес-конференции и да почнат да го решаваат проблемите
Оставка од премиерот Зоран Заев и од министерот за здравство Венко Филипче бара лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој во фејсбук-статус оцени дека денес во државата умираат повеќе луѓе отколку во Втората светска војна.
„За 4 години, колку што траела тука окупацијата, во војната се губеле 17 луѓе дневно. Денес, со оваа неспособна власт, бројката е 30 до 40 луѓе дневно. Па имате ли совест, знаете ли што ѝ правите на земјата. Дајте си оставка и не правете ништо, сигурно така повеќе луѓе ќе се спасат“,
напиша Мицкоски.
Тој им препорачува на Заев и на Филипче да престанат, како што вели, со дневно-политички мешетарења и со парадерски прес-конференции и да почнат да го решаваат проблемите.