Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со новиот евроамбасадор Дејвид Гир. Како што информираше Мицкоски на својот профил на Фејсбук, тој меѓудругото, се пожалил за економските политики на Владата посочувајќи дека економијата е пред колапс.
„Појаснив дека со новиот мандат на старата влада на СДСМ веднаш се качи цената на струјата за 7.4%. Наместо власта да помогне на граѓаните во справување со економската криза, таа ги качува даноците. Економијата е пред колапс, власта допринесе над 40.000 граѓани да останат на улица, а БДП да падне на -12.7%. Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на егзистенцијата, односно денот го поминуваат со 50-тина денари. Токму економската состојба во Македонија говори за способноста на власта да се справи со ковид и економската криза“,
порачал Мицкоски.
Мицкоски обвинил и за криминал и корупција, а прстот го вперил и во правосудството.
„Евроамбасадорот Гир го информирав и за степенот на криминал во Македонија. Потенцирав дека во државата криминалот и корупцијата се на високо ниво, а правдата е селективна, односно се суди само на луѓе од опозицијата“,
напиша Мицкоски на Фејсбук.