Генералниот секретар на Алијансата откри детали од разговорите за коалиција: лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, наводно, јавно се извинил за насилствата во Собранието на 27 април 2017 г., а „на маса“ се нашол и Законот на кој ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше
Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека е можно да има коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алтернатива.
Тој откри детали од разговорите за можна коалиција. Според Таравари, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, наводно, се извинил за настаните на 27 април 2017 година, кога лидерот на Алијансата Зијадин Села беше најтешко повредениот пратеник во насилствата во парламентот.
На „маса“, наводно, се нашол и Законот за јазици, кој во почетокот на 2017 година беше дел од коалицискиот договор меѓу СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците, а на кој ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше
Таравари изјави дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ јавно се извинил за 27 април и дека тоа е голема порака.
Исто така, рече дека Мицкоски бил подготвен да се тргне делот во Законот за јазици каде што Албанците се напишани како етничка заедница со 20 проценти од населението. Наместо тоа, би биле прецизно нашишани, како Албанци.