Посочувајќи дека ЕУ го осудува нападот на Иран врз Израел, Мишел во објава на Икс наведе дека Унијата ги повикува сите страни во регионот да покажат максимална воздржаност

Лидерите на Европската Унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите за иранските производители на беспилотни летала и проектили по невидениот напад на Техеран врз Израел.
„Одлучивме да воведеме санкции против Иран, тоа е јасен сигнал што сакавме да го испратиме. Идејата е да се таргетираат компаниите што се производители на беспилотните летала и ракети“,
рече претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел по завршувањето на првиот ден од дводневниот Специјален самит на Унијата што се одржува во Брисел.
Според Мишел, Иран претставува закана за целиот регион не само за Израел, па затоа е многу важно со регионалните партнери ЕУ да обезбеди негова целосна изолација.
„Со тоа сакаме да упатиме јасна порака. Се заложивме за изолација на Иран, заедно со земјите од регионот, за да го поддржиме мировниот процес. Без сомнеж ја поддржуваме безбедноста на Израел и заедно со земјите во регионот ќе се обидеме да избегнеме натамошна ескалација на насилството“,
истакна Мишел.
Посочувајќи дека ЕУ го осудува нападот на Иран врз Израел, Мишел во објава на Икс наведе дека Унијата ги повикува сите страни во регионот да покажат максимална воздржаност.
Мишел додаде и дека повикале на ослободување на заложниците, итно прогласување прекин на огнот и хуманитарен пристап до луѓето на кои им е потребна помош во Газа.
„Сакаме да направиме сè за да ги заштитите цивилите. Животот на секој цивил е важен“,
рече претседателот на Советот на ЕУ, додавајќи дека лидерите ја реафирмирале и поддршката за мировно решение на израелско-палестинскиот конфликт преку моделот на две држави.
The EU condemns Iran’s attack against Israel.
— Charles Michel (@CharlesMichel) April 17, 2024
All efforts must be made to help bring stability to the region and avoid escalation.
We call on all parties to exercise utmost restraint.#EUCO is committed to working with partners to end the crisis in Gaza, including through:…
На средбата станало збор и за случувањата во Либан, кој, како што рече Мишел, се соочува со многу предизвици и со голем број бегалци од Сирија, и е решено да се разговара со либанските власти за начините како ЕУ може да ѝ помогне не земјата, вклучително и на либанските вооружени сили.