ВМРО-ДПМНЕ е подготвена за избори кога и да се закажат, но сè зависи што ќе се одлучи на лидерската средба. Датумот на избори зависи од податоците кои што ќе ги соопштат здравствените власти, порача потпретседателот на опозициската партијата во неговото вечерашно вклучување во вестите на Канал 5 ТВ.
„Најдобро е да видиме што ќе се договори на следната лидерска средба, да слушнеме и од здравствените власти што сè ќе кажат и да ни ги кажат сите оние бројки, моментално што во овие недели се случуваат односно колку има заразени, трендот на намалување или на зголемување“,
рече Мисајловски.
Мисајловски додаде дека по тие податоци што ќе ги соопштат здравствените работници ќе може да се одреди датум за одржување на избори.
„Ние сакаме да има избори, но не по секоја цена, за да утре не можеме да имаме нормална кампања, а од друга страна да има многу нови заболени. Но ВМРО-ДПМНЕ е спремно за избори кога и да се, и ние очекуваме голема победа“,
нагласи Мисајловски.
Партискиот потпретседател спомена дека се шпекулира како изборите ќе се одржат на тој начин што граѓаните ќе носат маски, ракавици и скафандери. Но едно е јасно, порача тој, како и да се одржат изборите ВМРО-ДПМНЕ ќе победи.