Ноќта во Косовска Митровица поминала во мирна, но тензична атмосфера – пренесуваат локалните медиуми. Низ улиците на градот биле забележани бројни возила на ЕУЛЕКС откако ситуацијата на северот на Косово се влоши по завчерашната операција на специјалните единици на косовската полиција.
Вечерва во Белград е најавено обраќање на срспкиот претседател Александар Вучиќ.
Централната изборна комисија на Косово синоќа одржа вонредна седница за претстојните избори во четирите општини на северот – се разговарало за безбедноста на изборите.
Дел од западните земји ја повикаа косовската влада да ги одложи изборите закажани за 18 и 25 декември.