Косовските Срби вчера ги напуштија институциите во знак на револт на стапувањето во сила на одлуката за пререгистрација на сите српски возила и воведувањето на косовски регистарски таблички. Група српски полицајци симболично ги соблекоа униформите
Мирна ноќ на Косово по вчерашните тензии откако претставниците на Србите се повлекоа од сите косовски институции.
Денеска на пладне ќе се одржи митинг на Србите, а за вечерва во 21:00 часот најавено е и обраќање на нацијата на српскиот претседател Александар Вучуќ.
Реакции за ситуацијата на Косово пристигнуваа и доцна синоќа. Високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедност, Јосеп Борел, соопшти дека разговарал и со Вучиќ и со премиерот на Косово, Албин Курти.
Тој на твитер објави дека ги повикал двете страни да се воздржат од какви било унилатерални дејствија што би можеле да доведат до дополнителни тензии.
Борел предупреди дека ваквите настани ја ставаат во опасност напорната работа во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Ситуацијата ја следи и КФОР, кој повика на конструктивен дијалог со цел да се зачува безбедноста на сите државјани на Косово.
Косовските Срби вчера ги напуштија институциите во знак на револт на стапувањето во сила на одлуката за пререгистрација на сите српски возила и воведувањето на косовски регистарски таблички. Група српски полицајци симболично ги соблекоа униформите.