На повеќе од 100 села и рурални места во 29 општини и градови утре ќе има теренска вакцинација против ковид-19. Министерството за здравство попладнево ја објави листата на локации кои ќе ги посетат мобилни тимови од здравствените домови и апелираше до граѓаните да се вакцинираат.
За да добијат вакцина на граѓаните им е потребен само важечки документ за идентификација.
„Процесот за теренска вакцинација е организиран, здравствените домови од секој град, во соработка со локалната самоуправа, месните заедници со помош на локални медиуми, плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот, во кое село, населба, рурално населено место ќе се врши вакцинација. Секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација“,
изјавија претходно од Министерството за здравство.
Утре започнува и вакцинацијата без закажан термин во здравствените домови: Каде и во кој период ќе има вакцинација без закажан термин
Листата на населени места каде утре започнува теренската вакцинација е следна:
- Делчево/Македонска Каменица – Дулица
- Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште
- Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино
- Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ
- Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г. Радобол, М. Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ
- Свети Николе – Лозово
- Кратово – Сакулица (Татомир, Вакав) Шопско Рударе, Коњух
- Виница – Грлани, Калиманци
- Демир Хисар – Слепче, Белче, Граиште
- Струга – Радожда, Калишта
- Ростуше – Врбјане
- Дебар – Новак, Брештани, Праленик, Коџаџик, Елевци, Долгаш
- Струмица – Водоча, Вељуса
- Босилово – Секирник, Петралинци
- Неготино – Криволак
- Радовиш – Раклиш, Калузлија, Подареш, Ораовица
- Пробиштип – Турско Рудари
- Валандово – Чалакли, Башибос, Кочули, Прстен
- Кочани – Облешево
- Кичево – Аранѓел, Жубрино, Поповјани, Јагол, Јагол Доленци
- Кавадарци – Бегниште, Ресава
- Битола – Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица, Гермијан
- Вевчани – Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа
- Охрид – Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа, Волино
- Македонски Брод – Самоков
- Велес – Бањица, Отиштино, Раковец, Бусилци, Еловец
- Крива Паланка – Дурачка Река, Станци
- Куманово – Старо Нагоричане, Никуљане, Стрновац, Челопек, Алгуња, Драгоманце Добрача, Коинце, Пузаљка, Врачовце, Пелинце
- Скопје – Буковиќ, Бојане, Ласкарци, Чајлане