И покрај ковид-кризата, во првите шест месеци од оваа година вкупно се собрани 20 692 единици крв, 165 единици тромбоцитен концентрат и 61 единица конвалесцентна плазма, информира Министерството за здравство и упатува благодарност до сите крводарители.
„Оваа година човештвото се соочи со глобалниот предизвик, пандемијата предизвикана од коронавирусот. Со цел да се сочува здравјето беа превземени низа мерки и правила, кои едноставно се ограничи времето и просторот на сите нас. Но тоа не беше проблем за нашите крводарители, нашите херои кои и во вакви услови го организиираа нивното време се цел да ги покажат нивната хуманост и алтруизам. Секојднево ги посетуваа просториите каде се даруваше крв, тромбоцити и конвалесцентна плазма,“
се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Од таму велат дека се во постојана комуникација со Институт за трансфузиона медицина и дека се следи епидемиолошката состојба во земјата за безбедно спроведување на крводарителските акции, избегнувајќи ризични подрачја опфатени со поголем број на инфицирани.
„Во изминатите шест месеци успешно се надмина состојбата, односно се обезбеди континуиран прилив на крвни единици со што се избегна можноста да чуствува недостаток на крвни продукти за потребите на витално загрозени пациенти. Тоа не беше случај скоро со сите земји околу нас и подалеку кои јавно се произнесеа за видниот недостаток на крвни продукти,
се оценува во соопштението од МЗ.