Министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на Ковид-19.
„Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19, тестот направен утрово. За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19“,
наведува Бектеши.
Тој ги повика граѓаните да се придржуват кон протоколите и мерките за заштита од коронавирусот.
„Здравје и среќа за сите!, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!“,
напиша Бектеши.