Размислувајќи за неговото неодамнешно патување во Украина, Бренсон рече дека сретнал луѓе кои „мора да се борат со рацете зад грб“ поради недостиг на поддршка
Милионерот Ричард Бренсон стана амбасадор на платформата на Володимир Зеленски за собирање средства „Јунајтед 24“ откако украинскиот претседател лично го покани да ја преземе оваа улога.
Размислувајќи за неговото неодамнешно патување во Украина, Бренсон рече дека сретнал луѓе кои „мора да се борат со рацете зад грб“ поради недостиг на поддршка.
Бренсон посетил згради разурнати од војната, ќелии во полициска станица кои руските војници ги „претвориле во комори за тортура“ и сретнал маж со церебрална парализа кој го преживеал нападот во Буча.
„Секој дел од оваа посета беше незаборавен и трогателен“,
рече тој.
Бренсон го повика Западот да ја зголеми поддршката за Украина. Тој апелираше до владите, компаниите и граѓанското општество да ја поддржат Украина со забрзување на испораката на напредно оружје и прекинување на сите врски со Русија.
„Важно е да се запамети дека украинскиот народ, не само што се бори и гине за Украина туку се бори и за Европа и за слободниот западен свет“,
рече тој.
Фото: EPA-EFE/IAN LANGSDON