Во Загреб в среда ќе се одржи конститутивата седница на новиот хрватски парламент, кој беше избран на изборите на 5 јули, ама шефот на државата нема да присуствува на настанот.
Претседателот на Хрватска, како што јавуваат медиумите во Загреб, согласно со тамошниот Устав, ја закажал конститутивната седница, ама решил да не присуствува на неа, што првпат се случува во земјата.
„Претседателот донесе одлука за свикување на првата седница на хрватскиот парламент на 22 јуни и со тоа во потполност ја искористи својата уставна надлежност“,
велат од кабинетот ан Милановиќ, без дополнителни објаснувања за прилините за неговото најавено отсуство.
Поради епидемијата на ковид-19, на конститутивната седница на хрватскиот парламент се поканети само претседателот на државата, досегашниот и иден премиер Андреј Пленковиќ и претседателите на Државната изборна комисија, на Врховниот и на Уставниот суд.