Мијалков до вчера беше во притвор за случајот „Трезор“ каде со првостепена пресуда е осуден на осум години затвор. Апелацискиот суд во Скопје му ја прифати гаранцијата од 11 106 501 евро и му ги укина притворот, но Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара нов од Основниот кривичен суд, овој пат, во предметот „Плацови на Водно којшто судски процес е во тек
Адвокатот на Сашо Мијалков, Звонко Давидовиќ, денеска информираше дека е поднесе жалба на мерката притвор за поранешниот директор на УБК за предметот „Плацови на Водно“ и најавува ќе бидат употребени сите правни алатки кои и стојат на располагање на одбраната.
„Треба да се знае дека вчера беа донесени две решенија, спротивни едни на други, а правило е дека решение на определен суд може само во законска постапка да се поништи од повисок суд. Вчера, за жал се случи Основниот кривичен суд Скопје да стави вон сила решение на Апелацискиот суд кој е повисок суд од него. Апелација ја прифати гаранцијата и ги проценуваше сите околности и предмети за обвинетиот, но за жал Основниот суд го држеше обвинетиот надвор од законот без каков било правен основ неколку часа во притвор, затоа што правосилноста на решението на Апелацискиот суд беше во 14 часот, а дури околу 21 часот му го врачија новото решение во кое му се определува притвор затоа што има веќе изречени две казни, без да се наведе дека не се правосилни, дека се води истрага која се води 100 години, најверојатно се мисли на ’Империја‘“,
изјави Давидовиќ денеска пред Кривичниот суд, пренесе МИА.
Срамно е, како што истакна, за „Плацовите на Водно“ каде што нема никаков доказ за обвинетиот Мијалков освен еден наместен сведок кој беше противречен со сите други сведоци и материјални докази да се определи притвор.
„Но, гледајќи ја целата ситуација во која министерот за правда направи невиден политички притисок како извршна власт и врз судството и врз Судскиот совет, само се покажува дека извршната власт не е подготвена да се откаже од влијанието на судската власт“,
изјави Давидовиќ.
Според него, Основниот суд не може да ја укине гаранцијата затоа што решението на Апелацискиот суд е правосилно и е во сила.
„Во сила е решението на Апелацискиот суд, во сила е и решението на Основниот кривичен суд. Од таа причина ние не можеме да ја избришеме гаранцијата. Затоа и гаранцијата и целиот имот е под хипотека“,
додаде тој.
Давидовиќ посочи дека Судот не го зел предвид тоа што компаниите, односно имотот којшто е влезен во гаранцијата која е запишана и која е правосилна обезбедува плати и придонеси на повеќе од 350 вработени семејства во Републикава и од кои државата добива приход по однос на даноци и акцизи, поголеми износи коишто и самиот суд ги наведува во решението.
„Во спротивна насока ги цени како можност за бегство, а не како можност дека токму тоа што тој овде има основано свој бизнис нема намера, ниту волја да се даде во бегство“,
додаде тој.
Мијалков до вчера беше во притвор за случајот „Трезор“ каде со првостепена пресуда е осуден на осум години затвор. Апелацискиот суд во Скопје му ја прифати гаранцијата од 11 106 501 евро и му ги укина притворот, но Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција побара нов притвор од Основниот кривичен суд, овој пат, во предметот „Плацови на Водно којшто судски процес е во тек.
Фото: МИА
*Поврзани вести:
Мијалков излегува од притвор, Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра
Вишото обвинителство барало да се одбие гаранцијата на Мијалков
Маричиќ „удри“ по судиите што го пуштија Мијалков од притвор
И СДСМ ги нападна судиите за пуштањето на Мијалков од притвор
Николовски: Одлуката за Мијалков е скандалозна, јавноста треба да знае врз која основа е донесена
Евтин театар на Маричиќ и СДСМ, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата за Мијалков
Мијалков сепак останува во Шутка, одреден му е 30-дневен притвор за „Плацовите на Водно“