Мигрантите ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија
Петмина мигранти денеска биле пронајдени во школски двор во Струмица како просат, соопшти МВР.
Двајца од мигрантите биле од Мароко, додека за останатите не е наведено во денешниот полициски билтен.
„Денеска (25.11.2022) во 14:45 часот на булевар „Маршал Тито“ во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица постапувајќи по претходно изготвен оперативен план за безбедност во и околу училиштата кој се спроведува на територија на целата држава, пронашле двајца мигранти од Мароко, кои заедно со уште три лица-мигранти проселе во двор на училиште во Струмица“,
велат од МВР.
Мигрантите, додаваат оттаму, ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.