Германската канцеларка вели дека постои можност лидерите на Европската унија да не постигнат договор за економскиот пакет за опоравување на ЕУ од коронакризата.
„Има многу добра волја, но исто така и многу ставови. Јас ќе ги вложат сите напори, но постои можност да не се постигне резултат“,
изјави Меркел пред третото продолжение на ЕУ-самитот.
Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ, веќе трет ден по ред, преговараат за новиот буџет на Унијата, кој треба да обезбеди, во еден дел, неповратна помош на земјите-членки за санација на последиците врз економиите предизвикани од ковид-19.