Микел Мерино одигра околку девет минути фудбал во регуларно време на Мундијалот 2026 и веќе постигна два клучни гола кои ја однесоа неговата Шпанија прво во четвртфиналето, а сега и во полуфиналето
Со последниот гол, тој стекнува статус на супер златна резерва. Пред само две години, со негов гол во 119 минута, Шпанија ја елеминираше Германија на Европското фудбалско првенство во 2024 година
На Микел Мерино повторно му успеа неверојатното. Цела Шпанија и нејзините поддржувачи го обиколија корнер знамето со него, додека го славеше голот против Белгија. Фудбалот, понуди уште една апсурдно долга приказна, пишува „Гардијан“ за победата на Шпанија над Белгија во четврфиналето на СП 2026.
Слично како и во осминафиналето против Португалија, Мерино влезе како замена доцна во натпреварот и речиси веднаш постигна гол. Од трибините, го гледаше и неговиот двомесечен син.
„Бидејќи не беше таму за четвртфиналето, морав да го направам тоа и во полуфиналето за да може и тој да го доживее“,
изјавил Мерино по натпреварот.
Златна резерва
Она што го прави Мерино нема никаква смисла. Да се случи ова еднаш е драматично, да се случи двапати е речиси непоимливо, но да се случи по трет пат е на граница на магија. Синоќа, кога се случи по третпат во неговата кариера резултатот беше 1-1, течеа последните секунди од регуларното време, а Шпанија очајно бараше начин да ја пробие белгиската одбрана. Тогаш, Мерино, влезе во игра како замена.
Имаше помалку од пет минути до крајот, но не му требаа толку. Мерино влезе во натпреварот кога часовникот покажуваше 85:32 минути. Беше 87:27 кога резеврниот голман на Белгија, Сене Ламенс, го одбрани шутот на Пау Кубарси, a до одбиената топка прв стигна Мерино кој ја испрати во голот. На теренот имаше поминато помалку од две минути и само еден допир на топката.

Шпанија се најде во четврфиналето против Белгија токму поради речиси единтично сценарио во главна улога на Мерино пред само неколку дена. Во осминафиналето, резултатот Шпанија-Португалија беше 0:0, кога во 88 минута во игра влезе Мерино. Во 90+1 минута веќе го славеше својот гол. Статусот златна резерва го има резервирано од претходно. На Европското превенство во Германија во 2024, сите беа помирени дека Шпанија ќе изведува пенали против домаќинот во четвртфиналето. Не и Мерино, кој влезе како замена и во 119 минута постигна гол со глава за 2:1 и пласман во полуфиналето. Шпанија, на крај, го освои првенството.
Заслужена победа
Исходот беше суров за Белгија, но Шпанија веројатно смета дека правдата е задоволена – доминираа во поголемиот дел од натпреварот.
Видео записот со главните моменти од натпреварот можете да ги видите ТУКА.

Првата голема одлука на селекторот на Шпанија беше да го остави на клупата Педри и да му даде можност за старт на Фабијан Руиз. Играчот на ПСЖ не само што ја создаде првата шанса на натпреварот за Шпанија, туку и го постигна првиот гол во 20 минута. Реагираше најдобро на одбиената топка по шутот на неговиот соиграч Дани Олмо.
Шпанија доминираше и после постигнатиот гол. На моменти, тешко беше да се замисли дека ќе го испуштат водството. Имаа и неколку шанси да го зголемат. И, одеднаш, 40 минути и 12 секунди по почетокот на шестиот натпревар, Шпанија го прими првиот гол на ова Светско првенство. Шарл де Кетелаер со глава израмни за Белгија.
Второто полувреме започна со иницијатива и шанси за Шпанија. Белгија успеваше да се одбрани, но и повремено да се закани. Како одминуваше времето, пукнатините во одбраната на Белгија стануваа се повидливи. Се трошеа и последните сили. Играта мораше да ја напушти Тросард, ѕвездата на тимот Де Брујне и можеби клучниот играч за крајниот изход – првиот голман Куртоа. Тој успеваше да ги одбрани налетите на Шпанија, но ја повреди ногата. Белгија не успеа да издржи уште долго. Само една минута и 56 секунди откако Микел Мерино влезе во игра, испиша уште едно драматично поглавје за Шпанија.
