Првиот човек на Агенцијата Гроси вели дека ова е спротивно на „еден од седумте незаменливи столбови на нуклеарната безбедност и сигурност“, кој вели дека „оперативниот персонал мора да биде способен да ги исполни своите безбедносни и сигурносни должности и да има капацитет да донесува одлуки без непотребен притисок“
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, вели дека е крајно загрижен од извештаите дека управувањето со нуклеарната централа во Запорожје сега е под контрола на командантот на руските сили кои го зазедоа минатата недела.
МААЕ соопшти дека Украина ја информирала дека редовниот персонал сè уште работи во централата, но тие сега се под наредба од командантот на руските сили таму.
Украина, исто така, ја информирала МААЕ дека руската војска на локацијата исклучила некои мобилни мрежи и интернет.
Гроси вели дека ова е спротивно на „еден од седумте незаменливи столбови на нуклеарната безбедност и сигурност“, кој вели дека „оперативниот персонал мора да биде способен да ги исполни своите безбедносни и сигурносни должности и да има капацитет да донесува одлуки без непотребен притисок“.
Тој, исто така, вели дека фактот што некои мобилни мрежи и интернет се исклучени од страна на руската војска, ја отежнува комуникацијата меѓу украинскиот регулатор и персоналот, што е спротивно на „уште еден од седумте незаменливи столбови“ – дека „мора да има доверливи комуникации со регулаторот“.
„Исклучително сум загрижен за овие случувања што ми беа пријавени денес…За да можат безбедно да работат со постројката, на раководството и на персоналот мора да им се дозволи да ги извршуваат своите витални должности во стабилни услови без непотребно надворешно мешање или притисок“,
изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија Рафаел Гроси.
И покрај ова, регулаторот можеше да потврди дека нивото на радијација таму останува нормално.
Пред два дена Украина објави дека во раните утрински часови извршен е ракетен на нуклеарната централа кој предизвикал пожар на една од зградите во централата – објект за обука на пет ката. Самата централа не е зафатена, но се стравуваше дека пожарот може да се прошири доколку не биде брзо локализиран.
