Во својот говор на Европската дипломатска академија во Бриж, Борел рече дека „секој нуклеарен напад врз Украина ќе создаде одговор“ од САД, Европската Унија и НАТО, но не нуклеарен туку воен одговор, толку моќен што руската војска ќе биде уништена
Изјавите на високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, укажуваат дека западните земји не се подготвени да понудат сеопфатна поддршка за Украина и го доведуваат светот на раб на нуклеарна апокалипса, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Тврдењата за можноста за руски нуклеарен напад врз Украина што ги изнесе Борел не се ништо повеќе од параноја. Да ја оставиме паранојата за руски нуклеарен напад на неговата совест“,
рече Медведев коментирајќи ја забелешката на Борел дека Западот ќе даде моќен, но ненуклеарен воен одговор во случај на руски нуклеарен напад врз Украина, пренесува руската новинска агенција ТАСС.
Медведев повтори дека западните земји воопшто не се грижат за Украина и нејзиниот режим.
„Тие не сакаат да им дадат сеопфатна поддршка. Понатаму, прекуокеанските и европските разбојници дефинитивно нема да умрат за нив во нуклеарна апокалипса. Затоа, нивниот одговор ќе биде внимателен и избалансиран. Ова е уште едно значење на забелешката на Борел“,
додаде Медведев.
Во својот говор на Европската дипломатска академија во Бриж, Борел рече дека „секој нуклеарен напад врз Украина ќе создаде одговор“ од САД, Европската Унија и НАТО.
„Не нуклеарен одговор туку воен, толку моќен што руската војска ќе биде уништена“,
додаде тој.